Драган Данев: Отворени листи се во интерес на граѓаните и демократијата

482

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев денеска во пресрет на измените на Изборниот законик кои се очекува да бидат на дневен ред на седницата на Собранието закажана за 21 мај, од аспект на изборниот модел, се заложи за отворени листи и додаде дека во однос на ова прашање одлука треба да донесе партијата.

-Верувам дека партиите ќе донесат решенија во интерес на граѓаните односно демократијата во Република Македонија. Ако мене лично ме прашувате јас немам ништо против да бидат отворени листи. Мислам дека на тој начин волјата на граѓаните ќе биде на повисок степен испочитувана, отколку што е сега – рече Данев, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

И помалите политички партии во земјата бараат измени во изборниот модел односно гласање на т.н. отворени листи

Данев во врска со привремениот состав на ДИК со шестесечен мандат, објасни дека се враќа старото решение, според кое претседателот на ДИК ќе биде од редовите на опозицијата, а потпретседателот од владејачкото мнозинство.

– Од септември – октомври ќе следи нов договор за составот на ДИК, рече Данев.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...