ДПА ќе оди сама на избори

669

ДПА самостојно ќе настапи на претстојните предвремени парламнетарни избори, било одлучено на денешната седница на партиското централно претседателство што се одржа во Тетово.

– На седницата, претседателот на партијата реферираше за состојбите, се започна дебата по што се донесе одлука. ДПА сама ќе излезе на претстојните парламентарни избори. Ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите Албанци да ја поддржат и гласаат ДПА како единствена национална партија на Албанците во Република Македонија – изјави партискиот портпарол Луан Треси, објави Алсат-М.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...