ДПА би прифатила кандидат од власта

128

Владата треба да продолжи со нормализација на ситуацијата и внатре во државата и надвор. Со нормализација на функционирање на институциите на системот затоа што пред нас имаме многу важни задачи, како што се отворање преговори за интеграција во ЕУ и ратификација на нашето членство во НАТО од страна на парламентите на државите што се членка на НАТО.

Ова вечерва го изјави претседателот на ДПА Мендух Тачи по средбата со премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев во Клубот на пратениците.

– Разговаравме за неколку имиња, но оставивме да се вратиме во нашите партии, да разговараме со нашите структури и потоа заедно да одлучиме кое е името што котира највисоко, изјави Тачи.

Тој рече дека би било добро да се номинира кандидат на Владата што значи, како што нагласи, продолжување на нормализација на оваа политика.

– Не би било коректно да истакнеме некој кандидат денеска. Се договоривме да се вратиме во партиите и потоа да имаме уште една средба, а истакнувањето да биде во симболика на заеднички кандидат, а не на кандидат на оваа партија или онаа, изјави Тачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...