Двеста до 500 евра ќе ги чини граѓаните употребата на петарди и други пиротехнички средства.
Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192.
– Неовластената употреба на пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства) со кои се нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра – потсетуваат од МВР.
Апелираат особено до малолетниците да не употребуваат петарди бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје.
Неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија.