До три години затвор за хомофобија и трансфобија во Швајцарија

107

До три години затвор може да добие човек за хомофобични и трансфобични постапки во Швајцарија.

Националниот совет на оваа земја со 118 „за“ и 60 гласа „против“, одлучи овие дела да бидат казнети, со тоа што ќе го стават лицето кое ги врши зад решетки.

Оваа одлука треба да помине и на Советот на држави за да стане закон, пренесува „fempositive“.

Националниот советник кој го поднесе предлогот, Матијас Рејнард, изјавил оти сега сака да се фокусира на битката за брак за сите граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...