До среда дожд и град, викендов и до 36 степени

273
20150617 Wednesday 1344 poroen dozd skopje letno nevreme leten dozd vremenska prognoza

Управата за хидрометеоролшки работи за попладне најавува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, повремено засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе се движи од 16 до 26 степени.

Слично време со краткотраен дожд и грмежи се очекува и во Скопје каде максималната температура ќе достигне до 24-тиот степен.

Променливото и нестабилно време ќе се задржи до среда. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи и појава на град.

Стабилизирање на времето и значителен пораст на температурата се очекува од петок и за време на викендот кога максималните температури ќе се искачат до 36-тиот степен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...