До распуст – дожд и ветер

535

Во земјава денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локален дожд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од шест до 15 степени, а дневната температура ќе се движи од 13 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со локален дожд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 13, а дневната температура до 22 степени.

Во следните денови ќе продолжи влијанието на циклонската активност од Медитеранот и над Балканот па ќе се задржи променливо време, повремено и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. Од петок се очекува постабилно и значително потопло време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...