Продолжува периодот на стабилно и топло време. Зголемување на облачноста ќе има од петок. Во недела и во понеделник претежно во северните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, соопшти УХМР.
Максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 30 до 38 степени.