До изборите Плусинфо ќе објавува само анкети чиј нарачател е познат и е учесник во изборната трка

Исклучок од ова правило ќе бидат агенции и субјекти со високо признат и потврден квалитет и кредибилитет во досегашните истражувања на предизборното расположение.

1291

Со цел да се избегне влијанието на анкетите на предизборните рејтинзи врз изборното расположение во манипулативен контекст, редакцијата на Плусинфо до изборите ќе објавува само анкети чиј нарачател е познат и е учесник во изборната трка.

Во извештаите од тие анкети нарачателот ќе биде соопштен во самиот наслов на веста, за читателите да немаат никакви дилеми во поглед на тоа прашање. Сметаме дека тоа е најчесниот начин на дисеминација на ваквите истражувања на јавното мислење.

Исклучок од ова правило ќе бида само анкетите чиј нарачател или нарачатели не се учесници во изборите, но се агенции и субјекти со високо признат и потврден квалитет и кредибилитет во досегашните истражувања на предизборното расположение.

Во деновите на официјалната изборна кампања, Плусинфо нема да објавува никакви анкети за предизборните рејтинзи на учесниците во изборната трка.

Дополнително, Редакцијата на порталот ќе ги извести партиските штабови и јавноста за своите планови со непристрасно и избалансирано известување да придонесе изборниот процес да биде фер и демократски.

Фото: pixabay.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...