До доцна вечерва Груевски ги слушаше „бомбите“ во суд за „тоа на М“

Рочиштето за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кој се однесува на набавката на владиниот „мерцедес“, ќе продолжи утре во 10:30 часот. 

1524

Рочиштето за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кој се однесува на набавката на владиниот „мерцедес“, за кое вечерва во Кривичниот суд Скопје се слушаа прислушувани разговори, ќе продолжи утре во 10:30 часот.

Прислушуваните разговори се доказ за судењето, а беа пуштени во судницата откако беа одбиени приговорите на одбраната на обвинетите.

Претходно денеска судот го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за случајот „Тенк“ за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Тој, пак, го одби барањето за изземање на Судечкиот совет за истиот предмет.

Во случајот „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, тројцата обвинети за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи  Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „мерцедес“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...