Дојче веле: Обвинителите од СЈО нема кој да ги одјави

Овој проблем го немаат истражителите кои досега платата ја примале од МВР, УЈП или Финансиската полиција каде што биле вработени, а од СЈО добивале само надоместоци.

678

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) имало заеднички фонд, од кој парите се трошеле за разни намени.

– Тука нема ништо спорно. Од нашите примања месечно сите одвојуваме средства во тој фонд, а парите се користеа за заеднички потреби – објаснуваат обвинители за Дојче веле.

Обвинителите поединечно одвојувале по 3.000 денари месечно во фондот, а другите вработени во СЈО по 1.000 денари. Со фондот управувала лично Јанева. По примено барање за потреба од средства, таа ги одобрувала, а средствата ги исплаќал благајник. Обвинителите не знаат колку пари останале во фондот, бидејќи како се собирале средства, така и тековно се трошеле – за приватни и службени цели.

– Некогаш се одобруваа средства за лекување, но најчесто за потребите на институцијата. На пример, имаше случај кога ни се расипа климатизерот, па за да не мора да се распишува тендер за набавка, го купивме од тие заеднички пари. Истото важеше и за набавка на хард дискови, за одредени поправки и други итни потреби – објаснуваат обвинителите.

Во моментов користењето на тој фонд е блокирано, со оглед дека Јанева ги одобрувала средствата. Обвинителите сметаат дека по истиот принцип по кој се собрани, парите сега треба да им се распределат на сите вработени, вклучително и на поранешната шефица, без разлика дали навистина ги бара и за каква потреба.

Но, во моментов реален проблем со кој се соочуваат обвинителите во СЈО, е тоа што нивниот раководител е разрешен, па нема кој да ги одјави од институцијата, за да можат да бидат пријавени на работните места каде што сега се вратиле.

Без потпис од Јанева тие формално не можат да бидат одјавени од СЈО. Се надеваат дека во ваква ситуација, Советот на јавни обвинители ќе најде решение со кое ова би можело да се регулира. Овој проблем го немаат истражителите кои досега платата ја примале од МВР, УЈП или Финансиската полиција каде што биле вработени, а од СЈО добивале само надоместоци.

Најголемиот проблем го имаат другите вработени во СЈО – стручни соработници, советници, ИТ експерти, записничари, архивари, доставувач, хаусмајстор и други, чии договори за работа не се истечени.

– Тие за овој месец не можат да земат плата. Нема кој да потпише. Дури и да сакаат да си заминат, да си дадат отказ, нема кој да им го потпише отказното решение. Се работи за околу 50-тина лица кои навистина се во незавидна ситуација – објаснуваат соговорниците на Дојче веле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...