Возачот кој со својот автомобил се заби во толпа луѓе за време на карневалската прослава во градот Фолкмарзен од вечерва е во истражен затвор, но германската полиција сè уште не знае ништо за мотивот на нападот, пишува Дојче веле.
Тој е обвинет за обид за убиство, но од обвинителството велат дека истрагата се води во сите насоки.
Вкупно повредени се 61 лице, на возраст меѓу две и 85 години. Дел од нив се со тешки повреди, а 20 се деца. Вработена во итните служби денеска за германските медиуми раскажа дека 29-годишниот напаѓач се обидел физички да се пресмета со неа откако таа му пришла на неговиот автомобил. Леа-Софи Шлемер ја отворила возачката врата на автомобилот и се обидела да го извлече клучот, но 29-годишниот Морис П. ја фатил за коса и започнал да ја дави обидувајќи се повторно да го запали возилото. Од нападот ја спасиле тројца локални жители кои притрчале и го совладале агресорот со тупаници.
„Не проговори ниту збор. Изгледаше празно и мртво, но се чинеше задоволен. Беше навистина потресно колку задоволен делуваше“, вели Шлемер.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.