Мебелот кој ѝ бил подарен на Јанева од осомничениот Бојан Јовановски, наводно не бил ни платен во салонот од каде што бил набавен, пишува Дојче веле.
Како што пишува Дојче веле, по интервенции од продажниот салон, лице од 1ТВ донело одредена сума во евра како гаранција дека мебелот наскоро ќе биде платен, а по плаќањето гаранцијата во евра да им биде вратена. Покрај мебелот, најчестите подароци што Јанева ги добивала од Јовановски биле парфеми, иако во јавноста се шпекулира и за бунда „фенди“ која чинела многу повеќе од споменатиот мебел.
Мебелот со полициска асистенција вчера беше изнесен од домот на Јанева.