Дојче Веле: Дали Трамп ќе го жртвува Западот

Американскиот претседател Доналд Трамп на денешната средба со неговиот руски колега Владимир Путин во Хелсинки, на олтарот на својата суета би можел да ја жртвува целата западна алијанса, оценува Дојче Веле во освртот на Самитот САД-Русија.

255
ФОТО: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп на денешната средба со неговиот руски колега Владимир Путин во Хелсинки, на олтарот на својата суета би можел да ја жртвува целата западна алијанса, оценува Дојче Веле во освртот на Самитот САД-Русија.

Во текстот се наведува дека Трамп и Путин ќе разговараат во четири очи „само со по еден преведувач, без политички советници и протоколарниот персонал“.

Според Дојче веле, со ова се крши еден од основните принципи на таквиот тип средби и се поттикнуваат недоверба и длабоки ставувања меѓу оние земји кои сметаат дека се загрозени од Русија и очекуваат помош од западната алијанса.

– Трамп и Путин се слични. И двајцата себе си се гледаат како „силни мажи“ во еден хаотичен свет, а заедниците што ги предводат првенствено ги сметаат за моќни држави. Путин одамна се наметна како лидер на политичките сили кои се решително антилиберални. Трамп од друга страна сака да ја игра улогата на разурнувач на либералните институции, кои донесоа епохални пресрвти во светот во 1945 и 1990 година, смета германскиот јавен сервис.

Во тексот натаму се наведува дека двајцата лидери во неколку наврати нагласиле дека се восхитуваат еден на друг и покрај судирите на интереси.

– Тоа не е добро за состанокот во Хелсинки, бидејќи хоризоните на очекување се премногу различни. Американецот бара медиумско внимание, средба на големата сецна, тапкање по рамо – сака да го запрепасти светот. А своите полиитчки цели – ако воопшти ги има – Трамп ги држи во тајност – наведува Дојче Веле.

Од друга страна, според авторот на текстот, Путин има обемна програма.

– Путин сака без пречки да учествува во сириската граѓансла војна. Сака без проблеми да реагира во Украина, која ја смета за руска зона на влијание и на која и признава само ограничен суверенитет. И на крајот тој бара од Западот да признае дека окупацијата на украинскиот Крим пред четири години не беше анексија, туку повторно обединување со Русија, се додава во освртот.

Дојче Веле потсетува дека додека Трамп престојува во Европа, во петокот американското специјално обвинителство покрена обвиненија против 12 руски агенти осомничени за мешање во претседателските избори во САД.

– Нема сомнеж дека Доналд Трамп беше нејпожелниот кандидат на Кремљ. Но, дали тој и автоматски е „негов“ кандидат? Одговорот не зависи само од тоа дали Кремљ во раката има нешто против Трамп, односни дали поседува компромитирачки метеријал адекватен за политичка уцена. За тоа често се шпекулираше: се говореше за афери на Трамп во Москва, а понекогаш и за деловните контакти во Њујорк, истакнува Дојче Веле.

Според германскиот медиуми, иако приказните од претходниот живот на Трамп се сензационистички, тие не би смееле да го одвлечат вниманието од вистинската политика што тој ја води.

– Ако некој е груб кон своите сојузници од НАТО, како што е Трамп, тој тогаш работи во интерес на сите противници на Западот.
Претседател на САД кој се заканува дека ќе го напушти НАТО е подарок за секој руски претседател. Дали Путин за тоа во Хелсинки ќе му заблагодари на Трамп? Тоа нема да го дознаеме, а Трамп многу добро знае зошто не сака да се снима неговиот разговор со Путин, заклучува Дојче Веле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...