Со цел намалување на загадувањето на воздухот Град Скопје донесе Одлука за запирање на возилата за доставување на стока во централното градско подрачје од 7 наутро до 18 часот попладне.
Градот апелира до сите субјекти да ја почитуваат оваа одлука, во спротивно ќе бидат санкционирани од надлежните инспекциски служби.
Истовремено, Градот ги охрабрува граѓаните доколку забележат прекршување на донесената одлуката, истото да го пријават на телефонскиот број 02/3297-231.