Не уапсија двајца, кај мене најдоа див коноп кој расте во Кочани. Анализите во Израел на оваа тревка покажаа дека е добра за епилепсија. Кај мојот другар најдоа THC канабис. И двата канабиси беа дадени од пациенти да им изработиме масло. Еден од пациенти е припадник на МВР. Мојот другар се сложи на условна казна, јас не сакам да се сложам, не сакама да бидам осуден за криминал затоа што ништо немам направено. Он изгледа попушти под притисок, изјави активистот Филип Достовски пред Кривичниот суд каде мирно се протестира за негова поддршка.
Тој додаде дека досега немале проблеми со полицијата и ништо не криеле. Достовски вели лекувал и пациенти блиски на обвинителката која поднесе обвинение против него.
– Обвинителката ми кажа на едно рочиште „не се секирај, знам сѐ што си правел, си правел и за мои блиски луѓе“. Сакам да прашам дали тие луѓе ќе се сложат со обвинението што е покренато против мене, обвинението е смешно – посочи тој.
Достовски е основач на „Зелена алтернатива“. Со подршка за него денеска протестираат граѓани пред Кривичен. Протестот е и против законот кој ги третира пациентите како криминалци. Тие бараат да се овозможи достоинствен живот и „лекување во слобода и без страв од реперкусии“.