Организацијата не правела компромис со вистината, не отстапувала од својот постулат Свобода или Смъртъ, не жртвувала дел од својот човечки капацитет за да ги прикрива злоупотребите на своите комити и војводи, точно обратно им пресудувала самата Организација на тие кои злоупотребувале со делото. Време е да си ја кажеме вистината таква каква што е!
Не може да си криминалец и да си ВМРО. Тие две работи не одат заедно.
Даме, Гоце, Развигоров, Чернопеев, Тодор, Ванчо, Сарафов, Лозанчев не биле тендераши. Тој што ги поддржува криминалците и ги штити од законот и правдата и тој е соучесник. Бандитите и криминалците кои го малтретирале и пљачкосувале населението, Организацијата ги ликвидирала, не ги чувала и штитела.
Кој поддржува криминалци и бандити не може да биде ВМРО!
Организацијата е чест, идеи и посветеност на делото!
Бидејки сме христијани треба да веруваме дека може ќе се сретнеме со војводите на друго поубаво место од овде и тие ќе не прашаат што сме направиле за Македонија?!
Одговорността е индивидуална, секој сам решава за своите постапки.
Авторот е претседател на Граѓанско Демократска Унија