Досетлив Хрват: За место под сенка наплаќал 2 евра, ама јавноста му ги загорчи

9380

За место под сенка во кампот Маслиник во Хрватска се наплаќаат по две евра за возрасни и по 1,5 евро за деца, објави хрватската новинарка Весна Кљајиќ на својот профил на Фејсбук.

По обелоденувањето на оваа информација, сопственикот на кампот Маслиник, Златко Докиќ, ја укинал оваа давачка.

– Откако се затрупа просторот на плажата на која изнајмувам дрвени лежали и сонцобрани, бев приморан да наплаќам за „место под сенка“. Можеби сум се изразил лошо, ама тоа е просторот кој се наоѓа покрај сонцобраните и лежалките како моите гости непречено би уживале на плажата. Но, гледам дека оваа вест ја разбранува јавноста, и решив од денеска веќе да не наплаќам за „место под сенка“ како би биле задоволени сите верни борци за правда од кауч, но и како би видел народот дека понекогаш неговите желби се уважуваат. Отсега ќе можат бесплатно да ја користат сенката под маслинките. Тоа што со сигурност можам да го кажа дека легално наплаќам за својот имот и во тоа нема ништо спорно. Ете драги сите, се реши и таа мистерија со наплатувањето на сенката – рече Докиќ за Оток Крк.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...