Досега вакцинирани 1.069 деца

54

Во текот на денешниот ден, до 13 часот вакцинирани се 11 деца со МРП вакцина, или досега, вакцинирани се вкупно 1,069 деца. До овој момент, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), информира Министерството за здравство.

-Потсетуваме дека сѐ уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...