Доријан зад себе остави хаос, неговата сила уште ќе ја покажува (ВИДЕО)

Се наоѓаме на среде историска трагедија, рече Минис, пренесен од американските медиуми.

135
ФОТО: EPA / CRISTOBAL HERRERA

Премиерот на Бахамите, Хуберт Минис, денеска изјави дека најмалку пет лица погинале на островите Абако од ударот на ураганот Доријан, што во меѓувреме ослабна до категорија четири, но во следните денови и натаму ќе биде многу силен.

Минис кажа дека и жителите на блискиот остров Грејт Бахама се сериозно загрозени од ураганот.

– Спасувачките екипи ќе тргнат во акција штом временските услови тоа го дозволат – додаде Минис.

Според него, многу куќи и згради се значително оштетени или уништени.

– Се наоѓаме на среде историска трагедија – рече Минис, пренесен од американските медиуми.

Американскиот Центар за урагани наведува дека Доријан е најсилниот ураган што било кога ги погодил Бахамите.

Жителите се уште се наоѓаат по засолништата, без струја, а американските медиуми јавија дека ураганот предизвикал огромна штета во некои делови на Бахамите каде се уништени куќи и поплавени цели населби.

ФОТО: EPA / CRISTOBAL HERRERA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...