Дополнителни автобуси на линиите 28 и 69 за празниците Св. Петка и Св. Пантелејмон

299

Поради верските празници Св. Петка и Св. Пантелејмон, Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ на 8 и 9 август покрај редовните ќе пушти во сообраќај дополнителен број автобуси на линиите 28 (Тафталиџе 2- Нерези/Македонско село) и 69 (Транспортен центар-Дивље), согласно со термините од важечкиот летен возен ред.

В четврток на линијата 28, дополнителен автобус од Тафталиџе 2 ќе сообраќа во терминот од 16 часот, а од Македонско село во 19.30 часот. Наредниот ден, петок 9 август, дополнителен автобус на линијата 28, од Тафталиџе 2 ќе има во 7.50 часот, а од Македонско село во 12.30 часот.

На линијата 69, в четврток дополнителен термин од Транспортен центар ќе има во 5.45 часот и во 15.30 часот, а од Дивље во 6.50 часот и во 20 часот.

Како што соопшти ЈСП, вонредните дополнителни поаѓања се воведени на барање на црковниот одбор на „Св. Петка“  и на манастирот „Св.вмч.Пантелејмон“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...