Договорот се спроведува: За измени на Законот за заштита на сведоци гласаа 86 пратеници

333

Собранието на Република Македонија во рамки на продолжението на 22. седница со 86 гласа „за“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на сведоци, по скратена постапка. За измените гласаа и пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои и официјално се вратија во работата на Собранието.

Невенка Стаменковска, од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека работната група која работеше на овие измени кажа дека опозициската партија имала 11 предлози и оти врз основа на нив се направени интервенции во текстот.

– Свесни сме дека законот не е идеален, но е многу подобар од оној што беше предложен од СДСМ, кажа Стаменковска пред изјаснувањето на пратениците.

Собранието продолжи со работа по точките од дневен ред на 41. седница, а потоа ќе гласа и за реформските закони заостанати на продолженијата на 34-та и 35-та седница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...