Донесени правилата за рекламирање за референдумот

Исто како и за избори, медиумите добиваат дополнителни 9 минути за реклами во еден час.

254

Агенцијата за медиуми (АВМУ) го усвои упатството за начинот на работа на радиодифузерите за референдумската кампања.

Исто како и за избори, медиумите добиваат дополнителни 9 минути за реклами во еден час.

Оваа минутажа ќе мора да ја поделат на два дела. Половина од тоа ќе можат да ја користат тие што ќе водат кампања „За“, додека втората половина ќе биде за противниците на референдумот во кои ќе влезат тие што ќе водат кампања да се гласа „против“ и тие што ќе повикуваат на бојкот.

Агенцијата мста дека сите учесници во кампањата треба да имаат пристап до медиумите под еднакви услови.

Според АВМУ, радиодифузерите можат и да одбијат емитување на пропаганда, но само ако со неа се загрозува националната безбедност, се повикува на воена агресија или на оружен конфликт, ако се поттикнува или шири дикриминација, нептрпеливост или омраза, или се врши злоупотреба на деца за политички цели.

Платената програма не смее  да се емитува во информативни емисии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...