Донесени неколку закони по скратена постапка, ВМРО-ДПМНЕ не присуствува на седницата

По ова, спикерот Талата Џафери ја прекина 131. седница и ја почна 137. седница со единствена точка на дневен ред – самораспуштање на Собранието.

416

Собранието попладнево без расправа во рамки на 131. седница донесе неколку закони по скратена постапка.

Беа донесени Законот за заштита на личните податоци, измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците и Законот за управување со движењето на предметите во судовите, како и измените на Законот за урбано зеленило.

По ова, спикерот Талата Џафери ја прекина 131. седница и ја почна 137. седница со единствена точка на дневен ред – самораспуштање на Собранието.

Додека се носеа законите на 131. седница не беа присутни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...