Донација од „СОС Балканмедиа“ и „Зегин“ во Охрид и во Дебарца

70

Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балканмедиа“ во соработка со компанијата „Зегин“ вчера и денес имаше донаторска акција во општините Охрид и Дебарца.

Пред големиот христијански празник Велигден на лицата со посебни потреби им се донираа пакети со прехранбени производи и брашно.

– Со донацијата ќе бидат опфатени повеќе граѓани со телесен инвалидитет, кои имаат скромни примања, кои се од социјална категорија или приматели на социјална помош – истакнуваат од Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби.

Донатори и помагатели на хуманитарната акција се компанијата „Зегин“ и „Руски транс“ ДООЕЛ Охрид.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...