Доналд Туск следната недела во посета на земјите од Западен Балкан

Претседателот на Европски совет Доналд Туск, ќе ги посети Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

101

Претседателот на Европски совет Доналд Туск, ќе ги посети Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора во рамките на подготовките за Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 17 мај во Софија.

Туск од 24 до 28 април ќе ги посети земјите од Западен Балкан.

– Пораката до нашите пријатели е јасна: Европска унија е и ќе продолжи да биде најдоверлив партнер во целиот регион. Како најголем инвеститор, најголем донатор, најголем пазар и најдобро ветување за подобра иднина на граѓаните. Нашиот самит би требало да биде потврда за европската перспектива на регионот. И што е уште поважно, би требало да се подобрат, на конкретен начин, врските внатре во регионот, истакна Туск во денешниот говор пред Европскиот парламент, посветен на Западен Балкан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...