ДОМ бара локалниот и државен инспекторат за градежништво и за животна средина, веднаш да излезат на терен во потегот помеѓу Струга и Калишта.
„Надлежните институции се должни да одговорат на бројните реакции од граѓани за поставување бетонски огради, палење трска и друга вегетација и депонирање градежен шут во овој предел. Потсетуваме на потребата од спроведување на заклучоците од Надзорната собраниска расправа за управување со Охридскиот регион, со цел зачувување на природното и културното наследство заштитено од УНЕСКО“, порачува ДОМ.