ДОМ: Институциите да почнат да ги рушат дивоградбите во Охрид!

ДОМ, како што додаваат од таму, им укажува на надлежните институции дека се должни да постапуваат согласно законот, зашто во спротивно и самите ќе сносат одговорност за непостапување и соучесништво.

332

ДОМ бара надлежните институции веднаш да постапат согласно законските одредби и да започнат со рушење на нелегалните градби во Охридскиот регион.

Партијата ова го побара откако вчера беше објавено дека е изградена уште една дивоградба на државно земјиште, во заштитеното градско подрачје на Охрид.

– Единствен начин да го сочуваме нашето единствено светско природно и културно наследство е да ги спроведеме препораките на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО. Врвен приоритет е препораката број 6 за воспоставување мораториум на какви било урбани и крајбрежни трансформации во рамките на заштитеното подрачје додека сите релевантни плански документи не се усвојат и да се обезбеди строго спроведување на законите и прописите за да се спречи понатамошно незаконско градење – го појаснуваат барањто од ДОМ.

ДОМ, како што додаваат од таму, им укажува на надлежните институции дека се должни да постапуваат согласно законот, зашто во спротивно и самите ќе сносат одговорност за непостапување и соучесништво.

– Уривање на дивоградбите е непопуларна, но во оваа ситуација единствено целисходна мерка која може да придонесе да го сочуваме УНЕСКО статусот. Потсетуваме дека на сесијата на Комитетот на УНЕСКО во Баку, овој месец, ни беше одреден дополнителен рок за исполнување на клучните препораки на мониторинг мисијата на УНЕСКО, до февруари 2020 година. Доколку тоа не се реализира, Охридскиот регион ќе биде ставен на листата на светско наследство во опасност – подвлекуваат од партијата.

Дополнително, велат од ДОМ, со санкционирање на нелегалното градење ќе се манифестира неселективното спроведување на законските прописи и владеење на правото, што е една од основните европски вредности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...