По два мандата попладнево Ѓорге Иванов си замина од претседателската „Вила Водно“, кој беше испратен од новиот претседател Стево Пендаровски.
Иванов и Пендаровски претходно одржаа средба, по која се сретнаа и со вработените во претседателскиот кабинет.
Иванов, кој десет години беше станар на вила „Водно“, денеска објави статус на својот официјален Фејсбук профил во кој напиша дека функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува.
Новиот шеф на државата Пендаровски во претседателската вила дојде од Собранието, каде што се одржа свечена инаугурација.
Пендаровски веднаш по преземањето на кабинетот одржа билатерални средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, а се очекува да одржи средба и со албанскиот претседател Илир Мета.