Долен дом: Нема излез од ЕУ без договор

226

Долниот дом на британскиот Парламент усвои предлог-закон, кој гарантира дека земјата не може да излезе од ЕУ без договор.

Пратениците го усвоија предлог-законот со само еден глас разлика, односно 313 гласаа „за“, а 312 беа „против“.

Британија има само осум дена до 12 април да го усвои договорот за Брегзит и да излезе со нов план, или да ја напушти ЕУ без договор, што ќе предизвика огромни пречки и последици за граѓаните и компаниите во таа земја, но и во Унијата.

Предлог-законот треба да го усвои уште Горниот дом на Парламентот, што е многу веројатно. Со овој закон не се обврзува ЕУ да се согласи на одложување на Брегзит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...