Доживотна суспензија за тенисер поради местење резултати

Тој е втор суспендиран тенисер за само една недела, откако иста судбина го снајде и Николас Кикер од Аргентина.

171

Украинскиот тенисер Дмитри Баданов е доживотно суспендиран поради местење натпревари.

30-годишниот Баданов е прогласен за виновен затоа што беше откриено дека наместил два меча на фјучерси во Тунис пред три години, а во Египет во 2016 година бил поврзан со обложување.

Покрај тоа, Украинецот мора да плати и парична казна од 100.000 долари.

Во својата кариера, Баданов најдобриот пласман на АТП ранг листата го имаше во 2015 година кога стигна до 463. позиција.

Тој е втор суспендиран тенисер за само една недела, откако иста судбина го снајде и Николас Кикер од Аргентина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...