Доживотна казна затвор и во Србија

181

Србија ќе воведе доживотен затвор со можност за условно пуштање после 25 години, изјави за „Политика“ професорот Станко Бејатовиќ.

– Условното пуштање ќе биде можност, а не обврска. Тоа е меѓународен стандард – додаде професорот Бејатовиќ, кој е и претседател на Српското здружение за кривичнопоправна теорија и пракса и член на работната група за измени на Кривичниот закон.

Секој осуденик на доживотен затвор ќе може после 25 години поминати зад решетки да напише молба, а судот ќе одлучи дали ќе биде и пуштен на слобода под услов да не го повтори кривичното дело.

Воведувањето доживотен затвор е резултат на потребата од построга казна кога станува збор за извршители на најтешки кривични дела, меѓу кои и убиства на деца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...