Доживотен затвор за четворица кои задушија 71 мигрант во камион

321

Унгарски суд денеска правосилно осуди на доживотен затвор четири лица одговорни за смрт на 71 мигрант, чии тела беа пронајдени во камион, оставен на автопат во Австрија во август 2015 година.

Судијата Ерик Мезолаки изјави дека тројца од криумчарите нема да имаат можност за помилување, додека четвртиот ќе одлежи најмалку 30 години затвор.

Осудени се Авганистанец, кој ја предводел таа група, и тројца Бугари.

Тие беа прогласени за виновни за организирано криумчарење на луѓе и убиство без предумисла, бидејќи не го запреле камионот и не ја отвориле вратата за да влезе воздух.

Судијата рече дека мигрантите ја удирале вратата и викале, обидувајќи се да го привлечат вниманието на возачот. Тогаш се задушиле 59 мажи, осум жени и четири деца од Сирија, Ирак и од Авганистан. Тој случај ја шокираше Европа, која се бореше со големиот бран мигранти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...