Британец, кој на исламски милитанти им предлагал напад врз четиригодишниот принц Џорџ, кој е во позиција некогаш да стане крал на Британија, е осуден на доживотен затвор.
Хуснаин Рашид (32) од градот Нелсон, северозападна Англија, ќе мора да одлежи најмалку 24 години.
Тој објавувал информации преку апликацијата „Телеграм“ со кои ги охрабрувал џихадистите да извршат напади низ целиот свет, како и податоци за можни цели.
Според обвинителството, тоа вклучувало објавување на фотографија на принцот Џорџ до силуети на двајца џихадистички борци. Принцот Џорџ е син на принцот Вилијам, внук на британската кралица Елизабета Втора, и е трет во линијата за наследство на престолот.
Во објавата била напишина адресата на неговото училиште во Лондон, во кое тој почна да оди во септември минатата година и имало натпис „дури ни кралското семејство нема да биде оставено на мира”.
Рашид првично ги негираше обвинувањата, но на судењето се изјасни за виновен за четири точки од обвинението за тероризам