Дожд ја откажа Мото ГП трката во Британија

125

Трката за Големата награда на Велика Британија во Мото ГП беше откажана поради силниот дожд.

Оранизаторите по неколку одложувања ја откажаа трката бидејќи било утврдено дека условите на патеката „Силверстоун“ не се безбедни за возење.

Официјално стартот на трката беше закажан во 12.30 часот, а прво беше презакажана за 14 часот, па за 15 часот и во 17 часот беше потврдено дека нема да има трка.

Поради неповолни временски услови последен пат Мото ГП трка беше откажана во Австрија во 1980 година заради снег на патеката.

Фото: EPA/Tim Keeton

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...