Дождот предвреме ги растера поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО)

3188

Дождот кој почна да паѓа за време на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова пред Владата во Скопје, предвреме ги растера партиските членови и поддржувачите на претседателската кандидатка.

– Нема да ве задржувам уште долго. Уште неколку реченици. Знам дека и овој дожд е бериќет, нѐ врне секаде по плоштадите низ Макеоднија, па нека нѐ наврне и овде во Скопје. Вреди за ова да се живее – рече Мицкоски пред крајот на неговото обраќање.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...