Дождот не ја спречи коњаницата да го заврши Илиненскиот марш ФОТО+ВИДЕО

864

И покрај силниот дожд коњаницата вчера околу 18 часот пристигна во Крушево и со тоа ја продолжи 40-годишната традиција на Илинденскиот марш.

Коњаницата беше пречеката од градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, кој им посака добредојде, а учесниците во коњаницата традиционално пробаа од крушевската погача и црвено вино.

Во изјава за медиумите градоначалникот Христоски го честиташе празникот и го изрази своето задоволство од пристигањето на коњаниците од неколку правци во Републикава, а предводникот на коњаниците попознат како Гоце Бозо повика на сплотеност во очи на празникот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...