Дождот му помогна на Надал да стигне до трофејот во Рим

На крајот по точно два часа и шест минути игра, Надал стигна до 78-от АТП трофеј во неговата кариера.

223
ФОТО: EPA/MARK LYONS

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е победник на престижниот Мастерс турнир во Рим. Тој денеска по голема борба го совлада Германецот Александр Зверев со 2-1, по сетови (6:1, 1:6 и 6:3).

Надал до победата во римската престолнина дојде по незавидната позиција во која се наоѓаше и која беше прекината поради дожд. Во решавачкиот трет сет, Зверев водеше со 3-2 и имаше брејк предност, а по паузата сликата на теренот се смени и Надал со серија од 3:0 направи резултатски пресврт.

На крајот по точно два часа и шест минути игра, Надал стигна до 78-от АТП трофеј во неговата кариера.

Мастерсот во Рим се играше за награден фонд од 4,87 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...