Рашела Мизрахи носела решенија за кадровски промени и овластувања на 14 февруари, на денот кога во Собранието беше покрената постапка за нејзино разрешување од функцијата технички министер за труд и социјална политика.
Ова го соопшти Владата по синоќешната седница на која е усвоена одлука за поништување на решенијата донесени од Мизрахи.
„На оваа своја седница Владата донесе одлука за поништување на решенијата за кадровски промени и овластувања на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи донесени на 14 февруари, на денот кога во Собранието на Република Северна Македонија беше покрената постапка за нејзино разрешување“, се наведува во соопштението од Владата.
Мизрахи беше разрешена вчера по маратонската собраниска седница која траеше до речиси пет часот.