Додека се фотографирал за келнер, во Тетово му украле 150 евра

1067

На 15.12.2018 година во 19:10 часот во Полициска станица Тетово Н.Ш.(28) од Елбасан Р.Албанија пријавил измама извршена од страна на непознато лице. Имено, Н.Ш. видел објава на социјалната мрежа Фејсбук дека се бара работник за работа како келнер во Р. Австрија, по што пишал дека е заинтересиран за работата и од страна на непознатото  лице му било посочено дека треба да дојде во Тетово и со себе да носи 150 евра и две фотографии.

Откако во текот на вчерашниот ден (15.12.) оштетениот дошол во Тетово и се сретнал со непознатото лице, му ги дал парите, сторителот му го земал и мобилниот телефон, наводно за да стави сим картичка и заедно заминале пред фото студио на улица „Илинденска” во Тетово за да се фотографира Н.Ш. Кога пристигнале пред фото студиото, непознатото лице му рекло на Н.Ш. да влезе внатре да се фотографира, а тој ќе го чека надвор, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...