Додека Нинџа чека амнестија, од УБК велат дека таму немал никаков статус

923

Директорот на УБК, Горан Николовски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека обвинетиот за 27 април, Александар Василевски Нинџа, во УБК немал никаков статус.

Нинџа, пак, во неговиот исказ пред судот кажа дека бил ангажиран од поранешниот директор на Петатта управа во УБК, Горан Грујевски, а потоа неговата ангажираност во тајната полиција продолжила и со директорот Владимир Атанасовски. Нинџа тогаш добил и значка и оружје од УБК, завршувал четврт степен на средно образование за да може да се вработи таму, но, како што објаснуваше самиот, не можел да потпише договор во тој период бидејќи имало техничка влада.

Нинџа како обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во случајот за 27 април, е во исчекување на решение за неговото барање за амнестија. Тој побара да биде амнестиран бидејќи не бил организатор, не носел фантомка и оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...