На лидерската средба во Клубот на пратеници во четвртокот, на 19 јули 2018, Заев и Шекеринска не биле подготвени со аргументи за ниту една од точките и така неподготвени Заев отворено побарал од Мицкоски да го повика членството на најголемата опозициска партија да го подржи договорот со Грција, и за тоа нудел широка влада во која би влегла ДПМНЕ и тоа преземајќи ги трите клучни ресори по нивен избор! Но доколку тоа не е доволно, како последен адут Заев на маса ја ставил амнестијата за случаите поврзани со СЈО, со услов ДПМНЕ да го подржи договорот на референдум.
На ова Мицкоски откако го сослушал Заев му одговорил дека нема намера по ниту една цена да си го погази зборот кој бил даден во јавноста дека договорот е штетен и дека државата со тој договор оди во пропаст. Мицкоски ја одбил понудата и по второто прашање за амнестијата, одговарајќи дека ова е прашање на достоинство, и тоа нема цена, а ставовите на ДПМНЕ што се идентични со ставовите на граѓаните и државата не се за пазар, и ставот против договорот не може да се менува во замена за било какви понуди кои би значеле предавство на интересите на државата. Не сме знаеле каков храбар и принципиелен човек да ти бил нашиот Мицко! Не сака да чуе ниту за коалициона влада со СДС ниту пак амнестија кога биле во прашање интересите на Македонија!
На тоа, ѓон вонреден професор Оливер Андонов – Олиглуп (мерка за мерење на глупоста) му честита на колегата Мицкоски на маестрално изиграната партија против докажаните преваранти од ѓон СДС предавничка. Честитки за стаменоста и не подлегнување на притисоци да ве внесат во нивното предавничко сценарио и да му се спротивставите на ѓон Црпко (се мисли на Заев) заедно со една интелектуална големина Кара Ками Шева! Пофалбите од Олиглуп не се комплимент…
Каква комедија, демек Заев нудел коалициона влада со ДПМНЕ, а ако тоа не е доста нудел и амнестија за целото раководство на ДПМНЕ, старо на Груевски и ново на Мицкоски(!), само и само да се наговори да го подржи референдумот и договорот со Грција. Ама тој Мицкоски, онака стамен спрема зборовите на Олиглуп, не прифаќа никакви понуди кога е во прашање достоинството (кое го нема ниту еден член на ДПМНЕ) и националните интереси на државата! Да не ти се верува?! Мицко не сакал амнестија?! Изгледа гладна кокошка просо сонува!
Да ги оставиме кретените, мороните и идиотите во нивната септичка јама со лајна да се дават и серат глупости (го користам речникот на Тричковски, кој за вакви прилики е идеален). Озбилно, што да се прави со ваква невидена багра, опозицијата ДПМНЕ, која може да го загрози референдумот за договорот со Грција и членство во НАТО и ЕУ преки бојкот на референдумот. Со вакви морони и кретени нема да се постигне никаков договор, ниту во понеделникот на 23 јули ниту било кога! И врапците знаат, што би рекол Митко Атанасовски во првиот парламентарен состав, дека амнестијата на раководството на ДПМНЕ, директна или индиректна преку измена на Кривичниот закон со скратување на рокот за застареност, е она што го интересира Мицкоски и паријата ДПМНЕ и ништо друго. Какви национални интереси, какви бакрачи?! Амнестија и само амнестија… Што сакате тоа ќе добиете… Референдум… гласање … прифаќање на договорот со Грција … Се’, ама се’ … Само амнестија… Амнестија …
Горниот текст го пишував пред лидерската средба на 23 јули (во понеделникот), а премиерот Зоран Заев после средбата обелодени дека е постигнат договор за законот за финансирање на политичките партии, постигнат договор за техничка влада пред секои избори според Пржинскиот концепт и за ДИК да остане старото решение да се бира со двотретинско мнозинство во пакет, онака како што бараше опозицијата и Мицкоски. Но лидерот на опозицијата и после исполнување на сите негови барања во пакет Мицкоски не даде поддршка на референдумот и остана на „браникот за одбрана на Македонија„ и опозицијата ќе го бојкотира референдумот. Заев рече дека Мицкоски лаже дека се за членство на Македонија во ЕУ и НАТО и не успеа да го препознае моментот и ќе остане на мрачната страна на историјата. Ништо ново, Мицкоски лаже и кога спие, исто како и неговиот ментор, се покажа моето мислење за исправно – него го интересира само амнестијата и ништо друго… Амнестијата на криминалците од неговата партија, а можеби и за него, е она што Мицкоски и ДПМНЕ ги интересира. Барањата што се договорени во пакет беа само параван зад кои се скриваше Мицкоски, амнестијата му беше важна и ништо друго… Ах таа пуста амнестија, Мицкоски е спремен и државата да ја продаде…
Заев со право не сакаше да разговара за амнестијата на криминалците од ДПМНЕ ни под која цена, поради што дојде до фијаско на преговорите на лидерската средба. Замислете, ние сакаме да станеме членка на ЕУ и НАТО а од друга страна за да успее референдумот да амнестираме големи криминалци од ДПМНЕ што е незамисливо според европските вредности кон кои целиме! Кога би постапувале спрема барањата на ДПМНЕ да го амнестираме целото криминално раководство на таа партија против кои се водат многу предмети покренати од СЈО, тоа би значело самоубиство на државата! Кога тоа би се случило на Македонија не и треба ниту НАТО ниту ЕУ! Такви на Европа не и’ требаме, да останеме да се копрцаме во нашиот валкан Балкан!
Вицепремиерот за европски прашања Османи ќе изјави дека спротивставувањето на опозицијата на Договорот со името со Грција ќе ја искомпликува политичката ситуација во земјата, но верува дека таа ќе сфати дека без ЕУ и НАТО земјата нема иднина. Сепак тој е уверен дека и без поддршката на опозицијата процесот може да биде успешен заради довербата во изборот и проценката на народот. Исто и Зоран Заев на прес конференцијата после лидерската средба од 23 јули изјави дека во Македонија и без опозицијата ќе успее референдумот и дека не се откажуваме од членство во ЕУ и НАТО.
Секако дека Османи е во право, освен фактот дека опозицијата ќе го сфати значењето на Договорот заради членство во ЕУ и НАТО и ќе го подржи референдумот. Доколку опозицијата ДПМНЕ не ја добие амнестијата, било директна или индиректна со промена на Кривичниот закон, таа нема да го поддржи референдумот туку напротив ќе го бојкотира во последен момент. Договор со нив нема да се постигне, секако доколку Заев остане на зборот дека нема амнестија (исто како Мицко?!). Во таква ситуација треба да се има план Б – како да се спроведе успешен референдум и целиот процес со бојкот на опозицијата. Ова моја констатација пред лидерската средба од 23 јули се покажа потполно точна, со тоа што Мицкоски остана на ставот да го бојкотира референдумот за тој да не успее.
Ја прочитав колумната на професорот Ѓорги Спасов во која предлага Владата на Заев да обезбеди двотретинско мнозинство од 81 пратеници, со тоа што сегашните 72 ќе ги зголеми со уште 9 од опозицијата кои се спремни да гласат за Договорот со Грција и промена на Уставот. Сигурно дека сите пратеници од ДПМНЕ не го делат мислењето на Мицкоски, постои можност поради лични убедувања за корисноста на Договорот за влез во ЕУ и НАТО некои од нив да го подржат референдумот и целиот процес од Договорот. Можеби и Осамни мисли на истото кога вели дека и без опозицијата ќе се успее. Прашањето е како да се обезбедат овие 9 пратеници од опозицијата што фалат СДСМ да формира двотретинско мнозинство? Јас не го знам одговорот, но политичарите од калибарот на Зоран Заев треба да знае како ова да го направи. Ова би бил планот Б како опција за да се изведе процесот од Договорот без опозицијата!
Што мислите, а да го отвориме процесот на истражните постапки против Мицкоски со тендерите во РЕК Битола за кој веќе падна пресуда, а може и за мини хидроцентралите кои ги спомна Заев на еден интервју со Мицкоски? Па да го ставиме Мицкоски во ситуација да се „пазари„ за своја амнестија а не за опстанатите, посебно за Груевски и раководството на ДПМНЕ. Знаејќи го менталниот склоп на раководството и членството на ДПМНЕ, секој мисли само на својата кожа која му е единствено мила, може да се испроба и ова опција! Секако ова опција со Мицкоски не треба да се напушта главната алтернатива да се бара двотретинско мнозинство од опозицијата, придобивајќи ги оние пратеници кои немаат тврди ставови спрема Договорот …
Сега после фијаското на лидерската средба од 23 јули, за која бев убеден дека тоа ќе се случи, опстанува единствена опција – Планот Б на кој треба да се посвети Владата со помош на Меѓународната заедница. Против Мицкоски засега треба да се покрене истражна постапка за неговите криминали, доколку ги има, а покасно кривично да се гони за велепредавство против државата Македонија и народот!
Треба да се знае дека договор со опозицијата ДПМНЕ е исто како да си направил договор со ѓаволот… Старите велат „не сади тикви со ѓаволот, ќе настрадаш„ …