Договорот ќе се потпише во недела во Преспа

Настанот е поделен на два дела, и тоа првиот во Република Грција (потпишување) и вториот во Република Македонија (средба и заеднички ручек).

546

Конечниот Договор за решавање на македонско-грчкиот спор и за стратегиско партнерство ќе биде потпишан во недела на 17.06.2018 во регионот на Преспа.

Ќе го потпишат министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас. Премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе присустуваат на настанот.

Настанот е поделен на два дела, и тоа првиот во Република Грција (потпишување) и вториот во Република Македонија (средба и заеднички ручек).

Точните локации и времето на реализација на активностите предвидени во рамки на овој настан дополнително ќе бидат објавени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...