Договорот со Грција ќе се ратификува уште денеска?

426

Собраниската Комисија за европски прашања во 15 часот треба да ја започне седницата за да го разгледа Предлог-законот за ратификација на договорот за името, а петнаесет минути подоцна треба да започне и седницата на Законодавно-правната комисија.

Имајќи предвид дека станува збор само за разгледување и изјаснување на пратениците за договорот и дека од опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во работата на комисиите, седницата не би требало да трае долго. Најавите од владејачкото мнозинство се дека доколку се создадат можности, 51. седница би продолжила веднаш по комисиските расправи и договорот би можел да биде ратификуван до крајот на денот.

Со 69 гласа „за“ и 40 „против“ денеска во рамки на 51. седница Собранието беше изгласана потребата за донесување на Предлог-законот за ратификација на договорот за името со Грција.

Пратеникот Ферид Мухиќ беше единствен од владејачкото мнозинство кој гласаше „против“ потребата за донесување на Предлог-законот за ратификација на договорот. За новинарите тој кажа дека е против каков било договор за името.

Против гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои нема да учествуваат во носење на Предлог-законот за ратификацијата на договорот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...