Договорот за името ќе се објави во Службен весник по референдумот

Пратениците одат на одмор, а кампањата за референдумот ќе почне на 10 септември и во неа ќе учествуваат сите кои се заинтересирани, политичките партии, Владата, невладините организации... со нивните ставови за или против.

567

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, најверојатно нема да го прати Законот за ратификација на договорот со Грција пред да се одржи референдумот.

– Ако се има предвид дека граѓаните треба да се изјаснат на референдум за ова, сметам дека е посоодветно да се почека резултатот од референдумот, а потоа да се објави – рече Џафери на денешната средба со новинарите.

Одлуката за референдум е веќе објавена во Службен весник. Тој појасни дека кампањата за референдумот ќе почне на 10 септември и во неа ќе учествуваат сите кои се заинтересирани, политичките партии, Владата, невладините организации… со нивните ставови за или против.

Кои се следните чекори, што ќе се случи ако референдумот успее, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи уставните измени и што во спротивно ако нема цензус, Џафери рече дека сака да се оди чекор по чекор без да се зборува предвреме за тоа што би било кога би било.

Претседателот на Собранието посочи и дека пратениците веќе нема да имаат пленарни седници бидејќи почнува нивниот годишен одмор, ќе се вратат на работа кон крајот на месецот.

До сега одржале вкупно 57 пленарни седници, десетина се сѐ уште незавршени, меѓу кои има и седници кои почнале од лани. Таква е на пример, седницата со интерпелациите и за нив Џафери вели дека како и да е, ќе мора формално да ги заврши и да ги тргне од дневниот ред без разлика дали веќе имаат смисла или не.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...