Договорот за името објавен на англиски јазик

1899

Во Грција веќе е објавен целосниот договор за надминување на спорот за името од кој се истакнува новото име на нашата земја како Република Северна Македонија со ерга омнес принципот, односно за севкупна употреба со прифатени уставни ревизии.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, постигнатиот договор со Македонија кој е напишан на 19 страници, веќе го доставил до грчките политички партии. Во петок Ципрас договорот ќе го претстави пред Парламентот на Грција.

Од македонската влада најавија дека утре на владина седница ќе го декласифицираат договорот и дека ќе го стават на увид на јавноста.

Целиот договор на англиски јазик може да го прочитате на следниот линк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...