Договорот за решавање на името, потпишан меѓу Македонија и Грција ќе биде испратен во Собранието со европско знаменце, така што прво ќе треба да го помине филтерот на Комисијата за европски прашања чиј претседате е Артан Груби од ДУИ, наместо во Комисијата за надворешна политика која што ја води Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ
Владата денеска го усвои Предлог-законот за Договорот за името со Грција и соопшти дека веднаш ќе го испрати на ратификација во Парламентот.
Расправата во собраниската комисија може да трае најмногу три дена, со одредени ограничувања на дискусијата, по што договорот со евентуално поднесените амандмани би се нашол на пленарна собраниска седница.