Ратификацијата на договорот за името во грчкиот парламент ќе се гласа на 21 или 22 јануари, дознава телевизија Телма од дипломатски извори.
Неофицијално, се очекува утре со мнозинство од 151 пратеник, да и биде изгласана доверба на владата на премиерот Алексис Ципрас, а веќе в понеделник или во вторник на дневен ред, пред грчките пратеници да се најде ратификацијата на Договорот за името.
Премиерот Ципрас, претходно кажа дека прво ќе се ратификува Договорот за името, а дури потоа во грчкиот парламент ќе се најде протоколот за членството на Македонија во НАТО.