Добриот, лошиот и грдиот

Дали ќе дозволите и понатаму да го живеете овај филм и некој упорно да ја потценува вашата интелегенција? Што е чудно да се живее онака како што живее секој нормален човек во 21-от век на стариот континент каде што впрочем и припаѓаме, а во минатото на тој ист стар континент сме учествувале во градењето на цивилизацијата, писменоста, уметноста, науката и тоа многу порано од тоа што се случувало на дивиот запад.

1198

Со оглед на тоа што цело време наликуваме на вестерн филм, овој би бил најсоодветниот наслов. За разлика од филмот кај нас има два лика кои повремено ја менуваат улогата, одреден период едниот е добриот, а другиот лошиот па обратно, а времетраењето зависи од тоа кој колку добро ќе ракува со „пиштолот”.

Во улогата на третиот лик се појавуваат повеќе актери и сите ја имаат истата глупава полунасмевка, па час тој трет лик е со добриот, час со лошиот и ре
довно е добитен.

Како споредни улоги сите овие години се изнагледавме локални шерифи кои и те тужат и те судат, (има неколку и од понежниот пол кои служат за декор на сцената и забава на публиката, а нивните казни редовно се условни…), лепачи на плакати згрижени во нивните канцеларии, по некој лик од плакатите кој е во бегство, гробари кои наместо дрво сега користат стиропор, гипс и бекатон плочки, мршојадци кои цело време кружат чекајќи жртва, коњи, крави, волови и по некое магаре. Одвреме-навреме се појавува еден сериозен лик кој му продава „оружје” и информации и на добриот и на лошиот.

Тука е и возот кој редовно е пљачкан во пакет со пругата (макар и пред да биде изградена) и најнормално е луѓето кои ја градат да работат гратис и доколку се побунат може да добијат по некоја воспитна како успешно докажана метода. Различна е само страната на војските кои таму некаде војуваат… и за промена е исток-запад.

Цело време добриот и лошиот се бркаат поради ковчегот со парите кој сепак се украдени од банка, штедилница или… како сакате, но во секој случај му припаѓаат на народот. А народот онака по навика развеселен, распеан, разигран (кога по кафани, кога по тунели каде се појавува и по некој индијанец) најзадоволен е кога ќе добие „по една” од куќата… И така додека се радуваат на пијачката од куќата „лешинарите” заедно со своите дечиња, роднини, сватови, комшии, кучиња, мачиња… така добро се гостат на софрата што ги изглодаа и коските.

Дали ќе дозволите и понатаму да го живеете овај филм и некој упорно да ја потценува вашата интелегенција? Што е чудно да се живее онака како што живее секој нормален човек во 21-от век на стариот континент каде што впрочем и припаѓаме, а во минатото на тој ист стар континент сме учествувале во градењето на цивилизацијата, писменоста, уметноста, науката и тоа многу порано од тоа што се случувало на дивиот запад.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...