Угледни дански истражувачи развиваат специјална метода за третман на пациенти кои се резистентни на третман со лекови, психотерапија или други видови класична терапија, најавува специјализиран портал.
Станува збор за напреден софтвер за магнетна стимулација на мозокот.
Истражувачите ќе развијат метода со употреба на слики од магнетна резонанца, за да утврдат најдобар третман со магнетна стимулација за конкретни делови од мозокот, со оптимални дози.
Проектот добил грант од 14,2 милиони дански круни грант од дански фонд за иновации. Близу 20 отсто од популацијата во Данска искусила депресија барем еднаш во животот. Депресијата данскиот буџет го чини 10 милијарди круни годишно.
Илустрација: pixabay.com